logo
logo
logo

Нова блокада на судот во Нови Сад

Vecer | 26.05.2025

Нова блокада на судот во Нови Сад

Тие очекуваат Апелацискиот суд денеска да донесе одлука по жалбата за продолжување на притворот за уште тројца активисти.На активистите Младен Цвијетиќ, Срѓан Ѓуриќ и Давор Стефановиќ им е продолжен притворот за 30 дена, што значи дека можат да траe до 12 јуни, одлучи во четврток Вишиот суд во Нови Сад.

Студентите рекоа дека се борат за слобода и потсетија дека активистот Давор Стефановиќ бил нападнат во притвор, а дека семејството и адвокатот „не знаеле за тоа со денови“.

Како и претходните 11 дена, и денеска сите влезови во зградата на судот во Нови Сад  се блокирани, а еден од влезовите е блокиран од професори од академската мрежа Слободан Универзитет Нови Сад.

Тројца активисти се во домашен притвор со електронски надзор, меѓу кои и Марија Васиќ, професорка по социологија во средното училиште „Јован Јовановиќ Змај“, која беше испратена во домашен притвор од болницата во Централниот затвор во Белград.

Претседателот на Српската напредна странка, Милош Вучевиќ, изјави дека пред судот во Нови Сад нема членови ниту симпатизери на таа партија, бидејќи, како што истакн а, не сакаат да го загрозат нормалниот живот на граѓаните. Тој додаде дека одлуката е донесена по разговор со претседателот Александар Вучиќ. Пред неколку дена Вучевиќ најави собирање на симпатизери на СНС пред судот во Нови Сад.

Студентите на Правниот факултет во Нови Сад синоќа ги повикаа граѓаните да им се придружат во Нови Сад, тврдејќи дека поддржувачи на СНС ќе се соберат пред таа институција. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk