logo
logo
logo

Нов масовен протест во Белград: Носат картонски лик на Вучиќ во затворска облека (ВИДЕО)

Vecer | 09.06.2023

Нов масовен протест во Белград: Носат картонски лик на Вучиќ во затворска облека (ВИДЕО)

Како што е најавено, демонстрантите како и досега ќе се соберат пред Собранието на Србија, потоа ќе пешачат речиси три километри и ќе ја обиколат владата, околу која ќе направат прстен и ќе остават пораки до претставниците на државата. Организаторите велат дека условите остануваат исти.

Да потсетиме, првиот протест „Србија против насилството“ се одржа на 8 мај, а на 12 мај граѓаните два часа го блокираа мостот Газела на вториот протест. Третиот протест се одржа на 19 мај, кога беа блокирани Газела и Бранков мост. Четвртиот се одржа на 27 мај, а по прошетката учесниците направија круг околу зградата на РТС. За време на петтиот протест минатата сабота, учесниците по прошетката формираа обрач околу зградата на Претседателството.

Како и на последниот протест, така и денеска на клавирот во центарот на градот се слушаат звуците на мелодијата компонирана од убиеното момче во ОУ „Владислав Рибникар“.

Актерката Јелисавета Сека Саблиќ беше испратена со громогласен аплауз, проследен со скандирања „Сека, Сека“.

„Еве, драги мои. Прво сакам да кажам зошто сум тука, зошто доаѓам на протести, зошто сакам да бидам со вас. Затоа што сите сме против насилството. Насилството е кога нема правда, кога едвај е достижна. Насилството е одземање на земја, вода и воздух. Тоа е насилство. Насилството е затворени порти пред работниците во фабриките, кои беа принудени да ги напуштат работните места без никакво објаснување и на кои не им беа исплатени платите. Училишен пример за насилство е Собранието. Ефтиното, таблоидно прозивањето на актерите е исто така насилство“, рече Сека Саблиќ пред присутните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk