logo
logo
logo

Невреме ја погоди Албанија, прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

Vecer | 30.08.2025

Невреме ја погоди Албанија, прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

„Силното невреме што ја погоди Албанија, предизвика привремен прекин на летовите на меѓународниот аеродром во Тирана. Пистата е погодена од силен ветер и дожд, што го оневозможува нормалното функционирање на летовите. Властите ги прекинаа летовите додека не се подобрат временските услови“, објави Евроњуз Албанија (euronews.al).

Невремето кое предизвика големи бранови услови прекин и на поморските сообраќај.

Во пристанишниот град Драч,како и во Тирана и други делови на земјата ветрот носеше се пред себе. Има паднати дрвја, а во повеќе делови има прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да покажат максимална претпазливост и строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Советуваат, граѓаните, без поголема потреба да не  излегува од домовите, бидејќи "улиците се преполни со вода и паднати дрвја, гранки и лимени покриви".

"Вработените во сите локални полициски дирекции, противпожарните бригади и локалните власти се на терен, за да обезбедат помош и поддршка. Во случај на потреба јавете се на бесплатниот телефонски број112", се наведува во апелот. 

Според медиумите поради невремето голем број туристи го напуштаат крајбрежјето. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk