Двете од трите опозициски партии во Косово, Демократската партија на Косово Алијансата за иднината на Косово ја отфрлија можноста за формирање каква било коалиција со движењето самоопределување на Албин Курти, кое победи на парламентарните избори на 9 февруари.
Сега сите очи се вперени кон демократската лига на Косово основана од Ругова, која со 20 пратенички места е трета политичка сила во земјата. Лидерот, Лумир Абдиџику, на Фејсбук напиша дека неговата партија чека да заврши целосното пребројување на гласовите особено оние од дијаспората, пред да ги искаже своите политички ставови. Абдиџику, за време на изборната кампања, ја отфрлаше можноста за коалицирање со Курти, но сега не сакаше да го коментира повикот на харадинај за формирање опозициска влада. По пребројувањето на повеќе од 95 отсто од гласовите, самоопределелување на актуелниот премиер албин курти победи со освоени 47 пратенички места, но за мнозинство потребни му се уште 14.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата