logo
logo
logo

НЕ ДОАЃАЈТЕ ВО БРИТАНИЈА, ЌЕ БИДЕТЕ ДЕПОРТИРАНИ ИЛИ ПРИТВОРЕНИ Порака до Албанците од полицискиот оддел на ОК

Vecer | 28.05.2023

НЕ ДОАЃАЈТЕ ВО БРИТАНИЈА, ЌЕ БИДЕТЕ ДЕПОРТИРАНИ ИЛИ ПРИТВОРЕНИ Порака до Албанците од полицискиот оддел на ОК

Министерството за полиција на Велика Британија во наредните денови ќе започне кампања со која ќе ги советува албанските граѓани да не мигрираат во Британија.

За таа цел е креиран оглас на албански јазик кој ќе им се појави на албанските корисници на Фејсбук и Инстаграм, а во него Албанците се предупредуваат дека во случај на обид за миграција ќе се соочат со притвор или депортација. , објави Би-Би-Си.

Владата во Лондон најави дека кампањата ќе започне следната недела и дека ќе биде многу јасно што ги чека мигрантите кои ќе пристигнат со бродови.

Албанците најмногу аплицираат за азил во Британија и до март годинава 13.714 државјани на Албанија побарале да останат на островот.

Според британската полиција, Албанија е „безбедна и просперитетна земја“ и многу националности патуваат низ бројни земји за да стигнат до Британија, а потоа кога ќе пристигнат поднесуваат барање за азил на лажни основи.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk