logo
logo
logo

НБС: Србија има рекордно високи девизни резерви

Vecer | 12.11.2025

НБС: Србија има рекордно високи девизни резерви

Тоа е највисоко ниво на девизни резерви на крај на месец, а во споредба со крајот на септември, тие се зголемиле за 312,3 милиони евра, објави денеска Народната банка на Србија.

Како што наведува централната банка, тој износ на девизни резерви е повеќе од двојно над стандардот што го одредува соодветното ниво на покриеност на увозот на стоки и услуги со девизни резерви.

„Најголемо влијание врз зголемувањето на девизните резерви имаа позитивните нето пазарни ефекти во износ од 482,3 милиони евра, кои се резултат на движењата на меѓународните пазари - првенствено зголемувањето на цената на златото во долари за околу 4,9 проценти, како и зајакнувањето на доларот во однос на еврото за околу 1,4 проценти“, објаснуваат од НБС.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk