logo
logo
logo

НАТО е многу разочаран од акцијата на косовска полиција

Vecer | 31.08.2024

НАТО е многу разочаран од акцијата на косовска полиција

„Потребна е деескалација и целосен ангажман во дијалогот со ЕУ“, напиша портпаролката на НАТО, Фара Даклала, на платформата Х.

Во соопштението се наведува и дека КФОР е целосно подготвен да го задржи својот мандат врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за сите заедници на Косово и Метохија.

Косовската полиција вчера упадна во зградите на привремените органи на српската Влада во Лепосавиќ, Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток, како и во болничкото одделение на КБЦ Косовска Митровица, зградата во која се наоѓаат просториите на Фондот на ПИО, просториите на Канцеларијата на Министерството за правда, Управниот округ Косово-Митровица и Центарот за социјална работа.

Постапката на Приштина ја осудија мисијата на ЕУ во Приштина, како и американската Амбасада и амбасадорите на Германија, Велика Британија и Франција.

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан побара од премиерот Албин Курти, да ги прекине некоординираните и провокативни акции, кои, како што рече, „негативно влијаат на партнерството“ меѓу САД и Приштина. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk