logo
logo
logo

Наставниците, докторите и јавните службеници во Грција на штрајк поради новиот Закон за труд

Vecer | 21.09.2023

Наставниците, докторите и јавните службеници во Грција на штрајк поради новиот Закон за труд

Од владата на премиерот Киријакос Мицотакис велат дека со измените ќе се реши проблемот со непријавената работа и ќе се зајакне економијата, но синдикатите и опозицијата тврдат дека тоа е атак на работничките права.

Еднодневниот генерален штрајк свикан од водечкиот синдикат на државните службеници АДЕДИ е прв ваков протест откако владата на Мицотакис освои втор мандат.

Возовите и автобусите сообраќаат со намален број, државните болници ги вршат само најпотребните процедури, а бројни училишта се затворени.

Демонстрантите маршираа до парламентот, каде што пратениците расправаат за измените што треба да бидат усвоени оваа недела. Мнозинството на Мицотакис е 158 од 300 мандати.

Законот ќе им овозможи на постојаните вработени да работат други повремени работи, вкупно до тринаесет часа дневно. На работодавачите ќе им биде дозволено да воведат шестдневна работна недела.

Според предложениот закон, работникот може да биде отпуштен без предупредување и без отпремнина во првата година, а пробниот период може да се продолжи на шест месеци.

Пратениците од главната опозициска левичарска партија Сириза, која во недела избира нов претседател, велат дека владата спроведува „таен план“ против работниците, а Комунистичката партија го нарече законот монструозен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk