logo
logo
logo

ОВА Е НАЈСКАПИОТ ЈАВЕН ТОАЛЕТ ВО ХРВАТСКА: Користењето чини 1,5 евро! Ем ќе се олесните ем ќе уживате во погледот?!

Vecer | 11.08.2023

ОВА Е НАЈСКАПИОТ ЈАВЕН ТОАЛЕТ ВО ХРВАТСКА: Користењето чини 1,5 евро! Ем ќе се олесните ем ќе уживате во погледот?!

Градот кој секако ги руши рекордите по број на туристи е Ровињ, а сега многумина шокираше со најскапата цена за користење на тоалет. Хрватскиот портал Нет.хр го контактирал читател кој неодамна престојувал во Ровињ.

-Додека во Загреб тоалетот чини 40 центи на автобуската станица, а 70 центи на автобуската станица во Ровињ, признавам дека се шокирав кога видов дека тоалетот во стариот дел на Ровињ чини дури 1,50 евра, пишува Нет.хр.

Тој вели дека не го користел бидејќи му било прескапо.

- Не знам дали е од злато. Не ми е јасно дали вреди цената, можеби тоа што можете да го гледате зајдисонцето во Ровињ кога ќе излезете од тоалетот, бидејќи тоалетот не личи на ништо и се наоѓа во близина на пазарот. Тоа, секако, не е модерен тоалет, а немаше многу луѓе кои со задоволство би ја платиле таа сума, дури и во случај на голема итност, рекол читателот.

Потоа се осврнал и на туристите.

-Градот е навистина полн со туристи, но тие коментираат и за високите цени, и баш слушнав кога странец праша еден таксист колку чини од автобуската станица до продавница во Ровињ, тој рече дека цената е 10 евра, на што странецот се заврте и замина, а тој дофрли да си оди пешки кога нема да плати. Растојанието е 1,5 километар, рекол тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk