logo
logo
logo

На солунското пристаниште откриени речиси 58 килограми дрога

Vecer | 13.05.2025

На солунското пристаниште откриени речиси 58 килограми дрога

 Во контејнер со банани, што од Еквадор пристигнал на пристаништето во Солун, биле откриени речиси 58 килограми дрога, веројатно кокаин, во вредност од околу 1,6 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба на Грција претпладнево соопштија дека на 9 мај во механизмите за ладење на ладилник-контејнер со легален товар банани, со потекло од пристаништето во Еквадор, биле пронајдени 50 пластични пакувања, најверојатно со кокаин, со вкупна бруто тежина од 57 килограми и 919,6 грама.

- Вредноста на горенаведената количина се проценува на околу еден милион и шестотини илјади евра (1.600.000 евра), соопштија од Крајбрежната служба на Грција.

Дрогата била откриена од припадници на Секторот за борба против дрога при Централната пристанишна управа на Солун, со помош на рендгенски апарат, а во рамките на деталните проверки на контејнери на солунското пристаништето.

Запленети се дрогата, контејнерот како средство за прикривање и транспорт, како и системот за следење, што бил поставен заедно со дрогата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk