Им е одреден притвор, потврди косовската полиција.
„По пријава дека телефонски бил повикан граѓанин и известен дека мора да гласа за одредена партија или ќе му биде укината социјалната помош од српскиот систем, интервенирала полицијата“, изјави Ветон Ељшани, заменик командант на косовската полиција за северниот регион.
Се сомнева дека повикот е упатен од Центарот за социјална работа во Зубин Поток. При претресот се пронајдени докази кои се поврзани со кривичното дело, рече Ељшани.
Приведените лица се сомничат за кривично дело попречување на слободата на определување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата