logo
logo
logo

На Косово е пронајден изгорен автомобил со српски таблички- во него се најдени човечки коски

Vecer | 05.02.2025

На Косово е пронајден изгорен автомобил со српски таблички- во него се најдени човечки коски

Како што пренесува Блиц.рс, обвинителството соопшти дека инцидентот се случил вчера и дека при преглед на опожарениот автомобил е утврдено дека внатре има остатоци од коски.

Обвинителот, како што пишува понатаму Блиц, ангажирал форензичар, кој потврдил дека се работи за човечки останки, по што ѝ наредил на полицијата да ги преземе сите потребни истражни дејствија за целосно расчистување на случајот. „Бидејќи сме во почетна фаза на истрага, засега не можеме да дадеме подетални информации за овој случај, но обвинителот се залага за целосно расчистување на случајот во соработка и координација со надлежните институции“, се вели во соопштението на обвинителството.

Главниот обвинител во Приштина потврдил дека се работи за автомобил со српски регистарски таблички. „Да, точно е. Се сомнева дека во возилото има човечки коски. Автомобилот е со српски регистарски таблички. Истрагата продолжува“, изјавил главниот обвинител во Приштина, Зејнулах Гаши.

Тој додаде дека се уште не е познато како дошло до овој инцидент. Остатоците од опожарениот автомобил се пренесени во полициската станица во Подуево, заклучува Блиц.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk