Во Клиничкиот центар во Приштина, на 33-годишен маж му бил отстранет мобилниот телефон од стомакот, без употреба на нож. Ова го објави д -р Скендер Телаку, наведувајќи дека операцијата е извршена ендоскопски, пренесува Коха.
Тој објасни дека човекот имал телефон Нокиа во стомакот четири дена, без да наведе како тој влегол во стомакот.
– Постапката беше извршена ендоскопски, без сечење на стомакот, го извадивме телефонот поделен на три дела – рече Телаку.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата