logo
logo
logo

На изборите во Хрватска излегле 43,86 отсто од гласачите, Милановиќ убедлив победник

Vecer | 12.01.2025

На изборите во Хрватска излегле 43,86 отсто од гласачите, Милановиќ убедлив победник

Според резултатите на Државната изборна комисија (ДИП), врз основа на 61,64 отсто од избирачките места, актуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ во вториот круг од изборите ги добил гласовите од 523.665 гласачи, а за Драган Приморац гласале 191.284 избирачи.

Процентуално, Зоран Милановиќ добил 73,25 отсто поддршка, а Драган Приморац 26,75 отсто.

Според резултатите на ДИП, во вториот круг гласале 43,86 отсто од електоратот.

На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска се гласаше на вториот круг од претседателските избори на кои учествуваа досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии

Во првиот изборен круг учествуваа осум кандидати, а Милановиќ влезе во вториот круг со 49,1 отсто освоени гласови и Приморац со 19,35 отсто поддршка од гласачите. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk