logo
logo
logo

На атинското пристаниште запленети 4,5 милиони евра и уапсени осум лица за царински измами

Vecer | 26.06.2025

На атинското пристаниште запленети 4,5 милиони евра и уапсени осум лица за царински измами

Осум лица се уапсени за царински измами на товар на ЕУ и запленети се 4,5 милиони евра во готово, во акцијата на грчката полиција што од вчера е во тек во царинската испостава на атинското пристаниште Пиреас, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, истрагата е по наредба од Канцеларијата на европскиот јавен обвинител за случај на измама против Европската Унија и освен во Грција, паралелно се спроведува во уште пет земји, односно во Италија, Шпанија, Бугарија, Франција и Белгија.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека истрагата е за случај на измама од страна на компании за царинење, за шверц, поткуп и други сериозни кривични дела против Европската Унија.

Полициските службеници, освен во царинската испостава во Пиреас, извршиле претреси во 20 домови на царински службеници и во канцеларии, при што биле уапсени осум лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk