За време на инаугурацијата на компанијата „Рајанер“ (Ryanair) на аеродромот „Ринаси“, премиерот ги предочи податоците на Европската авијација, која го рангира овој аеродром како прв во Европа по овој показател.
-Минатогодишната бројка беше 123 отсто плус. Вториот аеродром беше тој во Истанбул со 92 отсто и потоа доаѓаат другите, рече Рама.
Рама, исто така, го изнесе фактот дека на аеродромот во Тирана во текот минатата година имало 5,2 милиони патници, бројка „незамислива до пред неколку години“.
-Оваа година нашата проекција е 6,5 милиони патници, додека амбицијата на компанијата е да достигне седум милиони. Бројката од 5,2 милиони патници минатата година беше целта во 2027 година и тоа ете беше постигнато пред тоа. Верувам дека целта од 10 милиони туристи ќе се постигне за многу кратко време, а не во 2030 година, рече Рама.
На меѓународниот аеродром во Тирана деновиве заврши имплементацијата на проектот за проширување на капацитетите, како и целосна трансформација на целиот простор, според истите стандарди како аеродромските инфраструктури во развиените земји во светот. Со досегашните инвестиции, аеродромот е целосно подготвен за да прими околу 10 милиони патници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата