logo
logo
logo

На аеродромот во Атина запленети над 1,6 милиони парчиња цигари

Vecer | 12.11.2025

На аеродромот во Атина запленети над 1,6 милиони парчиња цигари

Вкупно 1.680.000 парчиња цигари, односно 8.400 штеки, за кои не биле платени царини и даноци во вредност од над 340 илјади евра, содржела пратката од Дубаи откриена на атинскиот аеродромот „Елефтериос Венизелос“.

Од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) соопштија дека станува збор за една од најголемите количини цигари без царина и даноци, што некогаш биле откриени во земјата, а во тек е прелиминарна истрага за да се идентификува примачот на пратката.

- Во рамките на насочените контроли, во магацин за привремено складирање, инспекторите откриле 169 картонски кутии, кои пристигнале од Дубаи. При физичката проверка било утврдено дека содржат 8.400 штеки цигари, односно вкупно 1.680.000 парчиња, за кои не биле платени предвидените царини и даноци, соопштија од ААДЕ.

Додадоа дека вкупниот износ на избегнатите царини и даноци изнесува 341.342,26 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk