Министерството за внатрешни работи алармира за зачестени измами преку телефон, при кои измамници го имитираат гласот на член од семејството, пријател или претставник на некоја институција и бараат пари, лозинки или лични информации.
Според известувањето на МВР, новиот вид на телефонска измама наречен „spoofing“ подразбира измамникот да користи туѓ телефонски број, а со помош на вештачка интелигенција да го реплицира гласот на позната личност. На овој начин, жртвата мисли дека комуницира со своја блиска личност или доверлива институција.
Надлежните апелираат, ако се сомневате дека станува збор за ваков повик, веднаш прекинете го разговорот и повикајте ја личноста на бројот кој го имате зачувано. Никогаш не носете одлуки под притисок и не споделувајте важни или тајни податоци.
Ако посомневате дека станува збор за измама, веднаш информирајте ја полицијата. Чувајте ја својата безбедност – гласот кој го слушате можеби не припаѓа на личноста која мислите дека ја познавате, нагласуваат од МВР.
Извор: Nova.rs
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата