logo
logo
logo

Мусар: Не сакаме конфликти на Западен Балкан, Косово треба да го заврши својот дел од работата

Vecer | 15.06.2023

Мусар: Не сакаме конфликти на Западен Балкан, Косово треба да го заврши својот дел од работата

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, денеска по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Белград, изјави дека не сака конфликти во регионот на Западен Балкан, и оти се смирување на ситуацијата потребни се двете страни и дека Косово мора да го заврши својот дел.

Мусар, која е во работна посета на Србија, на заедничката прес-конференција по средбата со Вучиќ рече дека како правничка апелира за почитување на правото, дека сака Заедницата на српски општини да се имплементира што е можно поскоро како што е договорено во 2013 година, и не гледа причина за одлагање.

- Вучиќ се согласи со мене дека треба да продолжат разговорите со Приштина, да се смират страстите и дека никој во таа област не сака нови провокации. Односот меѓу Белград и Приштина е значаен за целиот регион на Западен Балкан и ќе покаже колку сите сме заедно зрели, и ние и Брисел, за да ја смириме ситуацијата, рече таа.

Мусар повтори дека дијалогот е единствениот вистински пат до решение, бидејќи се потребни двете страни за да се смири ситуацијата, но и дека „Косово мора да го направи своето“.

Таа се осврна и на демонстрациите што се одржуваат секоја недела во Белград и рече дека тие се легитимен чин во секоја земја и дека тоа е дел од демократијата, а медиумското покривање е дел од слободата на изразување, додавајќи дека тоа е нешто на кое треба да се работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk