logo
logo
logo

Мицотакис: Само Украина има право да одлучува за својата иднина

Vecer | 24.02.2025

Мицотакис: Само Украина има право да одлучува за својата иднина

 Никој друг, никој, не може да ја донесе оваа одлука во име на Киев. Мора да се гарантира дека Киев е дел од процесот и само Украина има право да одлучува за својата иднина, порача грчкиот премиерот Киријакос Мицотакис за време на неговото учество на Самитот на лидери организиран од Киев, јави дописничката на МИА од Атина.

На состанокот по повод тригодишнината од руската инвазија на Украина, Мицотакис се осврна на грчката поддршка, посочувајќи дека земјата уште од првиот момент „непоколебливо го поддржа суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, дека обезбеди „воена помош од витално значење, поддршка во енергетскиот сектор и прими илјадници бегалци кои зад себе ги оставија ужасите на војната“.

Истакна дека Украина заслужува праведно и одржливо мирно решение, договор за мир што ќе ја почитува нејзината независност, но пред сè ќе ја чува нејзината безбедност.

- Верувам дека сите сме согласни за два основни едноставни принципи: дека праведниот мир не може да се помеша со неправедна капитулација, ниту привремениот прекин на огнот да се помеша со траен мир. Потребен ни е мировен договор со многу јасни безбедносни гаранции, кој ќе делува превентивно во иднина, гаранции кои ќе бидат силни и ефективни, за да се спречи каква било идна агресија и да се одржи мирот, истакна Мицотакис.

Паралелно изрази подготвеност да работат „со Европејците, со Американците, со партнерите на меѓународно ниво, во насока на олеснување на постигнувањето мир кој ќе трае“.

- Но, ние во Европа треба да ја зајакнеме нашата посветеност на нашата сопствена колективна европска одбрана. Грција троши повеќе од 3 отсто од својот БДП за одбрана и дојде време и другите да го сторат истото. По три години војна што предизвика уништување од неверојатни размери, мораме да ја поддржиме оваа цел. Треба да дејствуваме со поголема решителност. Не само што треба да ставиме крај на овој конфликт, туку и да гарантираме дека ќе создадеме модел за превентива од такви катастрофи во иднина, посочи грчкиот премиер.

На крајот од неговото излагање рече дека „патот нема да биде лесен“, но, како што нагласи „постои една визија што не води напред: иднина во која Украина ќе биде безбедна, демократска, независна земја во мир, но и европска Украина“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk