logo
logo
logo

Мицотакис прогласи победа и најави нови избори во Грција

Vecer | 22.05.2023

Мицотакис прогласи победа и најави нови избори во Грција

Неочекувано дури и за актуелниот грчки премиер, неговата партија доби 40 проценти од гласовите и 146 пратенички места во 300 члениот парламент, само пет помалку за да освои апсолутно мнозинство. Тој веќе го доби мандатот за да формира влада, но според најавите, експресно и ќе го врати зашто целта е да оди на нови избори кога повеќе од извесно ќе успее самостојно да формира влада, благодарение на новиот  изборен закон кој во меѓувреме ќе стапи на сила. Новиот закон предвидува бонус од 50-ина пратеници за победникот на изборите.

-Цела Грција е сина денеска. Големо благодарам на сите кои работеа да се постигне оваа голема победа која ги надмина дури и нашите очекувања. - Кирјакос Мицотакис – Премиер на Грција.

Изборниот резултат е изненадување за сите, со оглед дека анкетите предвидуваа шест отстотна предност за Мицотакис. Водството од над 20 проценти на Нова Деморкатија и Сириза е најголемата разлика меѓу две водечки партии од првите демократски избори во Грција по 1974 година. Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, резултатот го опиша како крајно негативен за неговата партија и најави и состанок на партиските органи за анализа на грешките во кампањата и подготовка за следната изборна битка.

-Изборниот резултат е крајно негативен за СИРИЗА, пред малку стапив во контакт со господинот Мицотакис и му честитав на победата, изборите имаат и победи и порази, нашите колективни (партиски) тела веднаш ќе се состанат за да ги оценат изборните резултати,- - Алексис Ципрас – Претседател на СИРИЗА.

Економијата, скандалот со прислушувањето и трагичната железничка несреќа во која животот го загубија 57 лица беа во фокусот на кампањата. Од пребројаните гласови, Нова Демократија освои 146 пратенички места, Сириза 71, Пасок 41 место, Комунистичката партија 26 и националитичката Грчко решение 16 пратенички места.  Новите избори според најавите би се одржале на 25 јуни или 2 јули.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk