logo
logo
logo

Мицотакис: Грција е една од првите земји што развива национална стратегија за ВИ

Vecer | 10.02.2025

Мицотакис: Грција е една од првите земји што развива национална стратегија за ВИ

Ние сме една од првите земји што развивме кохерентна национална стратегија за вештачка интелигенција, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред почетокот ма Самитот за вештачка интелигенција во Париз и паралелно посочи дека Грција исто така е земја што „може да биде во првите редови на паметните интервенции за контрола на негативните влијанија на вештачкатата интелигенција“, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер објасни дека земјата има „исклучително богат научен талент активен на полето на вештачката интелигенција“, но и дека во Грција инвестираат многу големи странски технолошки компании, „создавајќи големи центри за обработка на податоци“ и посочи дека вештачка интелигенција веќе се користи за подобрување на ефикасноста и продуктивноста на јавната администрација.

Додаде дека освен позитивните аспекти на вештачката интелигенција неопходно е да се идентификуваат и областите каде што е потребна државна интервенција за да се ограничат негативните последици.

- Ќе ги спомнам уште еднаш проблемите со менталното здравје на децата и младите, прашање кое мене лично многу ме засега и за кое Грција веќе одигра водечка улога за да гарантираме дека децата и младите нема да имаат негативни последици врз нивното ментално здравје како резултат на нивната изложеност на социјалните мрежи и информациите обработени со вештачка интелигенција, посочи Мицотакис.

На маргините на Самитот во Париз, попладнево закажана е средба на грчкиот премиер со францускиот претседател Емануел Макрон. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk