„Кога едно дете вели дека нема кислород, тоа ја прави државата убиец“, беше главната порака на протестот, откако неодамна беше објавен аудиозапис од телефонски повик на бројот 112 за итни случаи во кој се слушаат повиците за помош веднап по несреќата, меѓу кои и женски глас што вели „Немам кислород“, што беше и причина ова да биде слоганот на демонстрациите за несреќата.
Правда и одговорност побараа учениците и студентите, кои и покрај студентот време ги преплавија улиците во центарот на Атина, а според процените на полицијата на протестот учествуваа над 5.500 лица.
Учениците и студенти освен во Атина, одржаа протести и во други грчки градови. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата