logo
logo
logo

Министерство за безбедност на БиХ: Функционирањето на СИПА не е нарушено

Vecer | 19.03.2025

Министерство за безбедност на БиХ: Функционирањето на СИПА не е нарушено

Оттаму додаваат дека Министерството за безбедност заедно со Советот на министри на БиХ интензивно работи на решавање на новосоздадената ситуација и избор на ново раководство на СИПА, откако вчера оставка поднесе претходниот директор на таа полициска агенција Дарко Ќулум.

За утре е закажана вонредна седница на Советот на министри на БиХ, на која треба да се разгледува изборот на новото раководство на СИПА.

Советот на министри на БиХ мора прво да ја прифати оставката на Ќулум, а потоа да назначи нови луѓе кои ќе раководат со оваа државна полициска агенција додека не се избере нов директор. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk