logo
logo
logo

Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, поднесе оставка

Vecer | 24.01.2025

Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, поднесе оставка

„Со ова сакам да поднесам оставка од функцијата министер за безбедност во Советот на министри на БиХ од морални причини, поради сите минати настани, кои ќе бидат објавени утре и доставени до сите овластени институции преку моите адвокати“, изјави Нешиќ.

Тој додаде дека повеќе детали ќе бидат познати утре.

„Деталите и причините за мојата оставка ќе бидат објавени утре, откако ќе биде официјално поднесена“, додаде тој.

Нешиќ беше уапсен во декември поради корупција. Покрај Нешиќ, уапсени се и Милан Дакиќ, директор на јавното претпријатие „Путеви РС“, Младен Лучиќ, брат на поранешниот министер во Советот на министри на БиХ, Милош Лучиќ, и уште четири лица.

Тие се сомничат за сторени кривични дела на раководни позиции во „Путеви РС“ и неименувана фирма: здружување за извршување кривични дела, перење пари, злоупотреба на службената положба или овластување и примање поткуп./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk