logo
logo
logo

МИЛОШ ПАВЛОВИЌ, СТУДЕНТ КОЈ САКА ДА УЧИ, ВЕЧЕРВА Е ПРЕТЕПАН ВО БЕЛГРАД! Министерот Лончар зборуваше од Ургентниот центар

Vecer | 05.06.2025

МИЛОШ ПАВЛОВИЌ, СТУДЕНТ КОЈ САКА ДА УЧИ, ВЕЧЕРВА Е ПРЕТЕПАН ВО БЕЛГРАД! Министерот Лончар зборуваше од Ургентниот центар

Претставникот на студентите кои сакаат да студираат, Милош Павловиќ, вечерва беше нападнат од блокадерите во Белград.

Со колегите седеле во кафуле на Нов Белград и биле нападнати без причина.

На видеото се гледа како група млади мажи го напаѓаат Павловиќ, тој е удрен со шише во главата, а потоа повторно го нападнале него и студентите кои биле со него.

Милош добил удари по целото тело, заедно со тројцата други студенти и негови другари, од кои едниот бил удиран во бубрезите кои неодамна ги оперирал.

Павловиќ и неговите другари беа упатени кон Ургентниот центар, каде што во тек се прегледи од стручен тим лекари.

Министерот за здравство Златибор Лончар посочи дека е направена првична дијагностика и дека се видливи повредите кај студентите кои сакаат да учат. Дијагностиката ќе продолжи во текот на ноќта.

- Освен Милош, примен е и неговиот другар. Милош има повреди на главата, градниот кош, грбот, исечена му е раката. Неговиот другар има повреди на грбот и во стомакот, Неговиот другар на 11 години е опериран од бубрег и за жал, добил удари во тој предел каде што била извршена операцијата. Тој е на дијагностика, се прави скенер. Милош е примен во состојба на шок, очигледно дека повредите на главата и ударите имаат последици. Прима терапија, се прави дијагностика. Тој буквално сакаше на минута да им се обрати на сите загрижени луѓе, посочи министерот за здравство Златибор Лончар.

Тој рече дека имале секаки пациенти примени од разлилни причини, но дека не памети некој да е нападнат затоа што е студент и сака да продолжи со студирање.

- Дали сакаме 2025 година да биде 1930 и некоја како Германија и Австрија, посочи Лончар.

- Вечерва без изложен на брутален напад заедно со другарите, само затоа што мирно седевме во кафуле на Нов Белград и не му сметавме никому. Напднати сме без причина и повод, без зборови, без предупредување. Само затоа што бевме таму. Не ме обзем само страв. Тоа беше длабоко ежење дека насилството стана идеологија, а омразата програма на тие луѓе. Верував дека преувеличуваат кога зборуваат за настаните кои се случиле 1931 во Виена, 1938 година во Минхен, но по настаните вечерва не верував дека нешто слично може сега да се случи. Мислев дека фашизмот е само поим од учебниците. А кога гледате дека тоа е лицето кое ви се внесува додека ве соборуваат на земја, останувате во шок.

Седевме со другарите покрај студентскиот дом во кој поминав 3 години на студии. Бев таму и сноќа да ги видам своите пријатели, кои не сум ги видел 5 месеци. Јас не верувам дека напаѓачите се колеги студенти. Не верувам дека некој може да биде таков и да не изложи на такви фашистички напади. Се надевам дека надлежните иснтитуции ќе ги презат сите мерки за расчитување на овој случај. Нема да ме замолчат, ќе продолжам и натаму да се борам, да се бориме, моите зборови ќе бидат уште погласни, бидејќи сакам Србија да биде слободна земја, посочи студентот Милош Павловиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk