logo
logo
logo

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28. членка на Европската унија

Vecer | 29.01.2025

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28. членка на Европската унија

- Стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан е поважно од кога било. Затоа Црна Гора мора да ја искористи можноста да стане 28-ма членка на Европската унија до 2028 година, рече Милатовиќ за време на предавањето пред студентите на Колеџот на Европа во Натолин, одржано за време на неговата работна посета на Полска.

Тој нагласи дека Црна Гора се смета за најнапредна од десетте земји кандидати за членство во ЕУ.

Нашата стратешка цел е да ги завршиме преговорите до крајот на 2026 година и да станеме членка на ЕУ до 2028 година. Ова е амбициозен, но остварлив план“, рече Милатовиќ.

-Има пет причини зошто Црна Гора е лидер меѓу земјите - кандидати. Отворивме 33 поглавја во преговорите со ЕУ и затворивме шест. Целосно ја усогласивме нашата надворешна и безбедносна политика со оние на Европа. Црна Гора е економски најнапредната од другите земји - кандидати и веќе го користи еврото. Немаме значителни отворени прашања со нашите соседи, иако има предизвик со Хрватска. Ние сме членка на НАТО од 2017 година и со тоа е зајакната стабилноста на Западен Балкан, додаде Милатовиќ. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk