logo
logo
logo

Милановиќ: Нема уште долго да бидам претседател, ќе бидам премиер на Хрватска

Vecer | 01.04.2024

Милановиќ: Нема уште долго да бидам претседател, ќе бидам премиер на Хрватска

-„Рафалите“ нема ништо да решат, тие се скап чевел, но другата нога е уште во опинци, изјави Милановиќ во Градец каде што престојува за време на велигденските празници.

Милановиќ кажа дека „авионите се убава работа“ што на ХДЗ требаше да и послужат како „предизборен трик“, но изгледа дека нема да го направат.

Тој потсети дека ги забранил летовите на авионите „Рафал“ над Загреб и дека тоа ќе го прави се додека е претседател.

-Но, нема уште долго да бидам претседател, ќе бидам премиер, изјави Милановиќ на новинарите, јави загрепската телевизија N1.

Милановиќ повторно ги критикуваше Владата и премиерот Андреј Пленковиќ за уривање на Уставот и избегнување да се свика Советот за национална безбедност.

Инаку, хрватскиот портал „Индекс.хр“ ноќеска, една минута по полноќ, како „првоаприлска шега“ ја објави информацијата дека Милановиќ ненадејно поднел оставка до Уставниот суд за претседателската функција и дека ќе биде заменет од основачот на движењето „Татковина“, Мирослав Шкоро, кој во меѓувреме престана да се занимава со политика. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk