logo
logo
logo

Милановиќ: Хрватските војници нема да учествуваат во туѓи војни

Vecer | 18.08.2025

Милановиќ: Хрватските војници нема да учествуваат во туѓи војни

Неговата реакција доаѓа еден ден по учеството на премиерот Андреј Пленковиќ на видеоконференција на лидерите на таканаречената „Коалиција на подготвените“, одржана два дена по средбата меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп на Алјаска, а во пресрет на денешниот состанок на европските лидери со Трамп во Вашингтон, пренесе Хина.

„Истакнав дека продолжуваме да ја даваме нашата поддршка за постигнување праведен и одржлив мир кој ќе го почитува меѓународното право и територијалниот интегритет на Украина, со долгорочни безбедносни гаранции“, напиша Пленковиќ по завршувањето на видеоконференцијата.

Милановиќ, пак, нагласи дека Хрватска е членка на Европската унија и НАТО и дека нејзините обврски произлегуваат исклучиво од тоа членство, а не од „политички или воени договори на лидерите на земјите од т.н. Коалиција на подготвени“.

- Владата од никого нема добиено овластување да ја турка Хрватска во нови коалиции што би подразбирале учество на хрватски војници во војната во Украина. Добив мандат од хрватските граѓани да го застапувам овој став и затоа повторувам: хрватски војници нема да учествуваат во туѓи војни, порача претседателот на Хрватска. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk