logo
logo
logo

Меркел на појадок со Мицотакис

Vecer | 03.07.2025

Меркел на појадок со Мицотакис

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утрово приредил појадок за поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која во Грција е за промоција на нејзината книга „Слобода“, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис и Меркел за време на појадокот, размениле мислења за европските и меѓународните случувања.

Меркел синоќа, во организација на грчкиот весник „Катимерини“ во Атина ја промовираше нејзината автобиографија, а во дискусија со директорот на весникот говореше и за периодот кога Грција беше во длабока финансиска криза.

По промоцијата, како што пишува „Катимерини“, била приредена вечера во чест на поранешната канцеларка на која присуствувале вицепремиерот Костис Хаѕидакис, поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, поранешниот вицепремиер Панајотис Пикраменос, поранешниот лидер на ПАСОК Евангелос Венизелос, како и бизнисмени. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk