logo
logo
logo

МД „Илинден": Главата горе и изјаснете се она што сме - Македонци

Vecer | 17.09.2023

МД „Илинден": Главата горе и изјаснете се она што сме - Македонци

- Од утре до 30 октомври, тимовите на ИНСТАТ ќе тропнат на вашата врата за собирање податоци за пописот на населението и домаќинствата. Не потпаѓајте под никакви влијанија, нека не ве заплашува никој и ништо. Главата горе и изјаснете се она што сме - Македонци, порачува друштвото.

Одговорете на сите прашања, стои понатаму,  меѓу нив и за етничката и религиска припадност и јазик иако за овие три прашања во формуларот одговорот не е задолжителен.

Посочуваат дека се дава можност да проверат  дали дадениот одговор е правилно внесен во таблетот од страна на попишувачите.

- Не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентрирани во областите Мала Преспа, Врбник, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Кукс, Фиер и во други градови. Со векови  сме опстоиле и покрај сите голготи, ќе ја преживееме и оваа агресивна бугарска асимилаторска кампања, вели за МИА,  Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Осудувајќи ја „бугарската асимилаторска кампања", порачува дека е убеден оти Македонците ќе се изјаснат она што се и никако поинаку. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk