logo
logo
logo

Масовни протести во Нови Сад поради тепање студенти, носат транспаренти - „Уапсете го Вучиќ!“

Vecer | 28.01.2025

Масовни протести во Нови Сад поради тепање студенти, носат транспаренти - „Уапсете го Вучиќ!“

Голем број студенти се упатија на протести што почнаа од универзитетскиот кампус со многу бучава, со свирежи, вувузели, труби и тапани.

Ним им се придружија земјоделците на трактори, како и голем број мотоциклисти, кои прават голема врева со своите мотори.

На протестот организирано доаѓаат и средношколци од Нови Сад, придружувани од голем број родители.

Редарите, претежно професори од Универзитетот во Нови Сад, формираа кордон пред просториите на СНС, за да спречат инциденти.

Демонстрантите носат транспаренти „Дијалог“ со илустрација на крвава бејзбол палка како алузија на тепањето студенти и претходниот повик на режимот за дијалог „Доста е крв“, „Сите за еден, еден за сите“, „Бојата ќе се измие, крвта не“ и скандираат „Уапсете го Вучиќ“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk