logo
logo
logo

Макрон и Шолц му пишаа и на Курти: Покажете подготвеност за тешки одлуки

Vecer | 05.09.2022

Макрон и Шолц му пишаа и на Курти: Покажете подготвеност за тешки одлуки

Вчера истото му го пишаа и на Александар Вучиќ.

Тоа е идентично писмо на она што двајцата државници претходно во неделата го испратија до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Неодамнешните тензии покажаа дека итно се потребни конструктивни чекори напред, и на практично и на политичко ниво.затоа, ги задолживме нашите советници за надворешна и безбедносна политика, Јенс Плотнер и Емануел Боне, да му дадат директна поддршка на (специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија) Мирослав Лајчак во неговите напори. Предлагаме нашите советници заедно со Лајчак да ги посетат Косово и Србија за да ги истражат можностите за брзо придвижување на процесот“, велат Шолц и Макрон велат дека писмото го испратиле „во момент од клучно значење за безбедноста на европскиот континент и стабилноста во регионот на Западен Балкан“.

„Убедени сме дека, во контекст на руската агресија врз Украина, мора да вложиме уште посилни напори за да ја направиме реалност европската перспектива на земјите од Западен Балкан и да ги решиме долгорочните билатерални и регионални спорови. Целосната нормализација на односите меѓу Косово и Србија е од суштинско значење за западен Балкан“, напишаа германскиот канцелар и францускиот претседател.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk