logo
logo
logo

МАЕИ и МД „Илинден“ со честитка до новоизбраниот Митрополит на Корча, г. Анастаси

Vecer | 08.10.2025

МАЕИ и МД „Илинден“ со честитка до новоизбраниот Митрополит на Корча, г. Анастаси

Македонската партија во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и македонското друштво „Илинден“ - Тирана, во име на Македонците во оваа земја, на митрополитот на Корча, Неговото Високопреосвештенство г. Анастаси му го честитаа устоличувањето на оваа висока и света должност.

Во честитката на МАЕИ, претседателот Васил Стерјовски наведува дека овој избор претставува значаен момент за православните верници од Корчанскиот округ и за цела Автокефална православна црква на Албанија.

„Убедени сме дека вашата духовната мисија како Митрополит ќе даде вреден придонес за зајакнување на православната вера, вредностите на мирот, љубовта и солидарноста, како и во поддршката на македонската православна заедница во Корчанскиот округ“, наведува Стерјовски.

Исто така, ја нагласува важноста, Светата Митрополија на Корча да биде отворен простор за сите верници, со почитување на нивните традиции и јазици, вклучувајќи го и одржувањето на богослужби на македонски јазик, во духот на единството и разновидноста на Православната црква.

„Ви посакуваме здравје, мудрост и сила во вашата висока духовна мисија, уверувајќи дека под ваше раководство ќе се зацврстат вербата и хармоничниот соживот во Корчанскиот округ и во цела Албанија, стои во честитката на МАЕИ.

Идентични желбите до Миротполитот г. Анастаси, во честитката упатува и Македонското друштво „Илинден“.

„Во мое лично име и во име на Македонското друштво „Илинден“, како и во име на македонското национално малцинство ви ги изразувам моите најдобри желби и срдечни честитки за вашето востоличување за митрополит на Корча и ви посакувам успех во вашата нова задача. Уверени сме дека во иднина ќе имаме успешна соработка“, се наведува меѓу дргото во честитката на друштвото.

Митрополит Анастаси доаѓа на местото на митрополит Јован, кој беше избран за поглавар на Албанската автокефална црква, по смртта на поглаварот Анастасиос Јанулатос.

На божествената архиерејска Литургија на која беше хиротонисан и востоличен г. Анастасиј, во црквата „Воскресение Христово“ во Корча присуствуваа голем број Македонци, од повеќе населени места на округот, меѓу нив и Стерјовски, како и свештеникот од Пустец, отец Алексо Темелко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk