logo
logo
logo

Лекари и аптеки во Грција преку незаконско препишување рецепти нанеле штета од околу 12 милиони евра

Vecer | 19.11.2025

Лекари и аптеки во Грција преку незаконско препишување рецепти нанеле штета од околу 12 милиони евра

Од Националната организација за обезбедување здравствени услуги (ЕОПИИ), односно грчкиот државен здравствен фонд соопштија дека на одржаниот состанок, меѓи другото, Управата за фармација ги презентирала резултатите од контролните проверки за прекршувањата во октомври.

Поконкретно, биле проверени 32 лекари и 62 аптеки, при што била утврдена штета од околу 12 милиони евра, а изречени се и парични казни во висина од 98.500 евра.

Исто така, на состанокот било соопштено дека следуваат нови контроли на десет лекари и 80 аптеки вклучени во три предмети на финансиската полиција за кои била информирана организацијата.

Во септември минатата година грчката полиција разби две различни криминални организации и уапси 16 лица меѓу кои и лекари и фармацевти за измами во висина од 3,5 милиони евра на товар на Националната организација за обезбедување здравствени услуги на Грција. /МИА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk