logo
logo
logo

Лажна дојава за бомба во суд во Атина

Vecer | 06.05.2025

Лажна дојава за бомба во суд во Атина

Преку анонимен повик во полицијата и во грчкиот информативен портал „Зугла“, непознато лице рано утро пријавило дека е поставена бомба во суд во Атина, но по извршените проверки од полицијата се покажа дека станува збор за лажна дојава, јави дописничката на МИА од Атина.

Во анонимниот повик, непознатото лице предупредило дека бомбата ќе експлодира за два часа, по што полицијата го затвори просторот, превентивно ги евакуираше објектите и деталано ги провери, но не беше пронајдено ништо сомнително.

Лажни дојави за бомба имаше во неделата во траект со 750 патници на атинското пристаниште, како и пред една седмица за наводен експлозивен механизам поставен во грчкиот Парламент. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk