logo
logo
logo

Лазаров: Не чека тешка борба во двомечот со Рунар

Vecer | 17.04.2025

Лазаров: Не чека тешка борба во двомечот со Рунар

Тренерот на тимот од Автокоманда, Кирил Лазаров очекува тежок меч против незгоден противник. 

- Во изминатиот период имавме доста тешки натпревари, со квалитетни противници во лигата во рамки на плејофот. Доста го анализиравме Рунар, со доста материјали. Имаме доста информации кои ни покажуваат дека се работи за сериозна екипа со скандинавски стил кој не ни одговарал многу низ историјата. Рунар до полуфиналето дојде со победи над квалитетни ривали како Целје, Бешикташ и Олимпијакос. Сите овие противници кои ги набројав Рунар ги елиминира во двомеч, така што не очекува доста тежок натпревар не само во Скопје, туку и во Норвешка. Пласманот во полуфиналето со македонски сили секако дека е успех, се надевам дека ќе имаме сила и енергија по тешките мечеви да излеземе на терен и да водиме тешка борба во целите 60 минути, знаејќи го нивниот стил., изјави Лазаров. 

Капитенот Игор Ѓорѓиев ги повика навивачите да дојдат и да им дадат поддршка во обидот да се извојува победа.

- Ова е прво европско полуфинале за нас. Голем момент како за Алкалоид, така и за македонскиот ракомет. Како екипа горди сме што успеавме да се пласираме во оваа фаза и да играме за финале. Рунар е екипа која игра типичен брз скандинавски ракомет, првиот меч ни е дома. Затоа сакам да ги повикам сите љубители на ракометот да бидат наша поддршка, наш седми играч и да се бориме за историски момент и европско финале. Со оглед на тоа дека имаме тројца или четворица играчи повредени, јас како капитен свесен сум, а и играчите дека мора да функционираме како тим. Ако продолжиме така како што играме до сега, имаме огромни шанси како во европскиот Куп така и во плеј-офот во лигата, рече Ѓоргиев на денешната прес-конференција.

Натпреварот Алкалоид - Рунар Сандефјорд се игра во салата „Автокоманда“ в недела (20 април) со почеток од 19 часот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk