logo
logo
logo

Курти тврди дека нема правни причини поранешните водачи на ОВК да останат во притвор во Хаг

Vecer | 05.11.2025

Курти тврди дека нема правни причини поранешните водачи на ОВК да останат во притвор во Хаг

По повод петгодишнината од апсењето и притворањето на Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Касниќи и Реџеп Сељими, Курти на Фејсбук напиша: „Обвинителството го заврши случајот. Нема повеќе сведоци. Нема законски или морални причини тие да останат во притвор“.

Курти претходно беше критикуван затоа што јавно не ги поддржувал поранешните водачи на ОВК и затоа што никогаш не ги посетил во Хаг, но денеска рече дека работел „тивко и долго“ за нивно ослободување, пренесе Бета.

- Тоа беше мојата мисла од првиот ден. Долго и напорно работевме на ова прашање, во тишина, бидејќи добрата работа често се прави тивко, напиша Курти.

Курти објави и писмо на Фејсбук од 2022 година, пред почетокот на судењето, во кое бара од претседателката на Специјализираните совети, Екатерина Трендафилова, да ги ослободи обвинетите.

- Ова го објавувам денес само од една причина: Верувам дека е исправно тие да се вратат во своите домови, да бидат со своите семејства и слободни да ја бранат праведната борба за ослободување на Косово, рече Курти.

Тој додаде дека нема одговор на неговото барање.

Во тоа писмо, Курти и понудил на Трендафилова гаранции дека косовските власти ќе го следат домашниот притвор на обвинетите.

Постапката пред Хашкиот трибунал е при крај, се очекува сведочење на уште неколку сведоци на одбраната, вклучувајќи го и поранешниот врховен командант на НАТО, Весли Кларк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk