Според неофицијални информации, осомничениот прво убил повеќе лица во кафеана, а потоа убил уште неколку на други локации.
Од црногорската полиција засега не го соопштуваат точниот број на загинати, но изјавиле дека се трага по лице со иницијали А.М. Како што неофицијално дознава црногорски „Дан“, по убиствата извршени во кафеаната, осомничениот отишол во куќа каде убил уште неколку лица. Се шпекулира дека меѓу мртвите има и деца.
- Напоменуваме дека лицето е вооружено и опасно и уште еднаш директно апелираме до граѓаните на Цетиње да бидат присебни и да останат во своите станбени објекти и да не пуштаат непознати лица во своите домови, додека полицијата ги презема сите мерки и дејствија во насока на заштита и процесуирање на нив виновниците за овој настан, соопштија од УП.
Според тамошната полициска управа, денеска во попладневните часови во местото Бајице, во еден угостителски објект, лицето А.М. со употреба на огнено оружје им ги одзело животите на неколку лица.
Вооружен го напуштил објектот и побегнал.
– Апелираме до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност со цел да ја стават ситуацијата под контрола и кривично да ги гонат сторителите. Ја информираме јавноста дека се работи за настан кој не е резултат на разбивање на високоризични организирани криминални групи – нагласуваат од Управата на полицијата во Црна Гора.
За решавање на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата