logo
logo
logo

Коверта со три куршуми испратена до министерот за внатрешни работи

Vecer | 29.08.2025

Коверта со три куршуми испратена до министерот за внатрешни работи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во зградата на Владата на Србија била откриена коверта адресирана до министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, во која имало три куршуми.

Коверта била забележана во четврток, 28 август, за време на редовното сортирање на поштата. При безбедносна проверка со рендген, констатирано е дека внатре се наоѓаат три куршуми.

Фото: МВР
Фото: МВР

Полицијата утврдила дека пратката е пратена на 26 август во една филијала на Србија пошта во Пожаревац, а идентификувано и пронајдено е лицето кое ја предало ковертата.

Истражните органи продолжуваат со работа на разјаснување на сите околности на случајот, а Министерството нагласи дека ги презема сите мерки согласно законот за заштита на безбедноста на граѓаните и институциите.

Извор: 021.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk