logo
logo
logo

КоССев: Косовските специјалци се повлекуваат од Бањска и Звечан

Vecer | 02.10.2023

КоССев: Косовските специјалци се повлекуваат од Бањска и Звечан

Припадниците на специјалната единица на косовската полиција се повлекуваат од селото Бањска кај Звечан и ќе бидат заменети со припадници на интервентна единица, јави косовскиот портал на српски јазик КоССев, повикувајќи се на заменик командантот на полицијата за северниот регион, Ветон Елашани.

Според Елшани, во областа каде што на 24 септември беше нападната косовската полиција од група од неколку десетици вооружени Срби, при што беше убиен еден косовски полицаец и најмалку тројца од напаѓачите, одсега натаму ќе има помалку полиција, а секојдневно ќе бидат присутни противпожарни единици.

- Тие (специјалната полиција) се заменети со друга единица – со интервентна, и сега ќе видиме дека ќе има помалку полицајци. Се расчистуваат патиштата и се надеваме дека животот полека ќе се нормализира, рече Елшани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk