logo
logo
logo

Косовските власти подготвени за нови избори, но Србите се уште не одлучиле дали би учестувале

Vecer | 03.06.2023

Косовските власти подготвени за нови избори, но Србите се уште не одлучиле дали би учестувале

Состојбата во општина Звечан на северот на Косово е мирна, иако протестите на локалните Срби и натаму продолжуваат. Апел за смирување на тензиите и загриженост за настаните на Косово изразил и првиот заменик советник за национална безбедност на Белата Куќа, Џон Финер. Тој во разговор со косовскиот премиер Курти и српскиот претседател Вучиќ повикал двете страни повторно да се вклучат во дијалогот со ЕУ и да го спроведат  Договорот за нормализација на односите. Според соопштението од Белата куќа, тој ја поздравил и подготвеноста на Курти да работи на создавање услови за нови избори, а помошникот на Бајден вчера од Вучиќ  побарал Србија да ги повлече своите вооружени сили стационирани во близина на границата.

  Курти во интервју за американската телевизија NBC NEWS  рече дека пред да се одржат нови избори на северот на Косово, одговорните за насилството во неодамнешните протести „треба да бидат вратени во Србија“ или уапсени во Косово, а за ова рече ќе разговара со американскиот претставник Ескобар и специјалниот пратеник на ЕУ Лајчак, кои во понеделник и вторник ќе ги посетат Белград и Приштина.

„ Не ја оспорувам неопходноста во одреден момент од одржување на предвремени избори, но пред тоа треба да имаме владеење на правото во државата и на овие насилни екстремисти, овие толпи кои први учествуваат во овој насилство, мора да одговараат пред законот и тогаш ќе има услови и фер кампања за демократски избори. “

Српскиот претседател Вучиќ, пак, синоќа говорејќи за настаните во Косово, рече дека Приштина и Курти сакаат Србија и НАТО да влезат во судир, што не е во интерес на Србија. Тој рече дека на самитот во Молдавија имал тежок разговор со францускиот претседател Макрон и со германскиот канцелар Шолц , кои предложиле нови локални избори на северот на Косово како начин за излез од кризата, додавајќи дека за тоа ќе разговара и ќе преговара бидејќи нема донесено одлука за учество на Србите на предвремените избори во Косово.

„Двете страни да се приближат за што ? Србите да изезат на избори и што да добијат ?  Ништо, а тие ќе владеат со 3 отсто зошто тие им кажаа дека изборите се легални. А кога ќе прашате што со Заедницата на српски општини, па да треба да се работи велат. Не. нема што да се работи, не ни се потребни вашите експерти , не ни се потребни вашите измислици, се пишува во договорите се е веќе испреговарано, се е договорено. Ве молиме како Бог, вразумете се луѓе. Губиме време и секој ден може да дојде до ескалација и судири затоа што тој не сака да престане да испраќа специјални сили.

По лидерите на ЕУ и САД, и албанскиот премиер Еди Рама порача дека ставот на Тирана е дека моменталната ситуација на северот на Косово е неприфатлива и дека Србите треба да се вратат во институциите и да се распишат нови избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk