logo
logo
logo

Косовскиот Парламент конституиран по осум месеци блокада

Vecer | 10.10.2025

Косовскиот Парламент конституиран по осум месеци блокада

 Косовскиот Парламент денеска беше конституиран, осум месеци по парламентарните избори, со изборот на косовскиот Србин Ненад Рашиќ, лидер на Граѓанската иницијатива „За слобода, правда и опстанок“, за потпретседател на Собранието, јави весникот Коха диторе.

Ненад Рашиќ, претседателот на партијата За слобода, правда и опстанок, денес беше избран за потпретседател на собранието во Приштина, иако неговата партија има само еден мандат во парламентот , додека девет од 10-те мандати што им се гарантирани на Србите ги има Српска листа.

Рашиќ доби поддршка од 71 пратеник, девет беа против, а 24 воздржани.

Тој е министер за заедници и враќање во оставка и е петти, последен потпретседател на Парламентот. Останатите четворица беа избрани уште на 26 август.

Според Уставот, петтиот потпретседател мора да биде од српската заедница, но претходните кандидати не добија доволно гласови.

Политичката криза започна по изборите на 9 февруари, кога ниту една партија не обезбеди мнозинство во 120-члениот парламент, што доведе до повеќемесечна блокада.

Уставниот суд на Косово неодамна наложи Собранието да се конституира најдоцна 12 дена по објавувањето на пресудата на 8 октомври, со што денешниот избор на Рашиќ го означи крајот на институционалниот застој. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk