logo
logo
logo

Косовската полиција и понатаму го истражува теренот околу Бањска

Vecer | 26.09.2023

Косовската полиција и понатаму го истражува теренот околу Бањска

Додека трае операцијата, косовските медиуми, а потоа и министерот за внатрешни работи Џелал Свечла објавија снимки од дронови во пресрет на нападот. Свечла снимката ја објави на социјалнтие мрежи, а на неа како што тој тврди, меѓу униформираните лица е и потпретседателот на Српска листа Милан Радоичич, што според нив е доказ за директна вмешаност на Белград. На второто видео пак, се гледа како 20-ина вооружени лица се движат во околината на манастирот, а потоа трчаат кон едно од оклопните возила под истрели од снајперско оружје.  Српските медиуми објавија и фотографии за кои тврдат дека се од тројца загинати напаѓачи, на возраст од 31 до 50 години. Во меѓувреме, во судот во Приштина им одреди 30 дневен притвор на двајца Срби кои се осомничени дека биле дел од вооружената група. .

На северот на Косово, но и во Србија знамињата се на половина копје и прогласен е ден на жалост. Српскиот претседател Вучиќ на состанок со амбасадорите на квинтата информираше дека побарал од КФОР да ја преземе одговорноста за безбедноста во северно Косово. Дел од српските политичари пак, велат дека стравуваат од дополнителни ескалации. 

-Знаете, ова е ситуација која потсетува на балон, кога го надувувате балонот и тој се шири, и во еден момент се случува да пукне, да експлодира. Мислам дека сега сме во таа фаза, особено на северот на Косово. За жал, ова може да доведе до поширок судир ако не се спречи на време. Јас не гледам ниту политичка подготвеност на западот кој евидентно може да влијае на однесувањето на Приштина. Ниту подготвеност на милитаризираниот режим на Курти да престане со теророт. Тие ова сега ќе го искористат од една страна за кампања на напади против Белград, - Милован Дрецун – Претседател на парламенарна комисија за Косово.

Полицијата во Косово веќе објави видеа од запленетите возила и оружје со кои спроед проценките на косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, би можело да се опремат стотици лица. Свечла побара и од Србија да испорача шест лица кои според нив биле дел од нападот, а во моментот се лекуваат во болницата во Нови Пазар.

-Според досегашните информации, во болницата во Нови Пазар, во Србија се лекуваат шест ранети терористи. Бараме од Србија да ги предаде на косовските власти за да одговараат пред правдата за нивните терористички акти. -- Џелал Свечла – Министер за внатрешни работи на Косово.

Повици за смирување на тензии и деескалација пристигнаа од целата меѓународна заедница. ЕУ и САД побараа Белград и Приштина да се вратат на преговарачка маса и несогласувањата да ги решат преку дијалог. Состојбата ја следи и официјален Кремљ, од каде посочија дека внимателни го следат развојот на настаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk