„Полициските единици, во согласност со ситуацијата и опасноста од спорадични напади на криминални групи, се принудени да реагираат за да се одбранат себеси и граѓаните од областа. Според досегашните информации, еден напаѓач е убиен. “се вели во соопштението објавено на Фејсбук.
Се додава дека косовската полиција продолжува да соработува со надлежните домашни и меѓународни институции, со цел одржување на редот и безбедноста, како и изведување на напаѓачите пред лицето на правдата. Полицијата наведува и дека во моментов за сообраќај се затворени премините Јариње и Брњак.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата