logo
logo
logo

Косово доби беспилотни летала „AeroVironment RQ-20 Puma“ од САД

Vecer | 08.09.2025

Косово доби беспилотни летала „AeroVironment RQ-20 Puma“ од САД

На социјалната мрежа Фејсбук, toj напиша дека Министерството за одбрана ги набавило тие беспилотни летала преку меѓудржавната програма и дека плаќањето за оваа набавка е извршено во 2021 година.

„Леталата „Puma“, покрај другите беспилотни летала, претставуваат уште еден неопходен капацитет за зајакнување на капацитетите на Косовските безбедносни сили (КБС) во областа на беспилотните воздушни системи. Соработката со САД во областа на одбраната постојано се продлабочува и проширува, придонесувајќи за развојот на нашата армија, како и за остварувањето на заедничките интереси на нашите две земји“.

„RQ-20 Puma“ е мало беспилотно летало напојувано со електрична енергија од батерии, а се лансира од рака. Неговата примарна намена е надзор и собирање разузнавачки информации со помош на електрооптичка и инфрацрвена камера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk