logo
logo
logo

Ким: По иранските кибер-напади, 50 милиони долари за кибер-безбедноста на Албанија

Vecer | 07.02.2023

Ким: По иранските кибер-напади, 50 милиони долари за кибер-безбедноста на Албанија

-САД работеа со Албанија, заедно со нашите сојузници реагирајќи на кибер-нападите од Иран. Јасно е дека Албанија и САД мора да идентификуваат заедничка одбрана. За Албанија поддршка за одбрана од кибер-напади изнесува вкупно 50 милиони долари. Ова е само почеток на помошта и не е нејзината комплетност. Не можеме да ве заштитиме, но ние сме покрај вас да ви помогнеме, изјавила Ким, јави Топ чанел.

Од своја страна министерот за внатрешни работи Бледи Чучи потврди дека Албанија е цел на хакери, најавувајќи зголемување инвестициите во кибер-одбраната.

-Ова само по себе е постојан предизвик на новата ера, со кој ќе треба да се соочиме. Како што постојано работевме да ги направиме нашите системи поефикасни за да заштедиме време на граѓаните, го имаме големиот товар да ги подигнеме сите потребни капацитети за гарантирање на податоците. Со цел да им служи на граѓаните што е можно подобро, но и да им помогне на другите институции во земјата, како оние од правосудството, државната полиција постојано се модернизира преку адаптација на технологија и иновативни системи и убедена е дека малите земји како Албанија можат да направат епохални скокови само преку користење на предностите создадени од технологијата, рече тој.

За министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, кибер-нападот од 15 јули минатата година е еден од најсериозните настани што ги доживеала Албанија.

-Тоа е чин на неиспровоцирана државна агресија врз независна и суверена земја. Доколку нападот беше успешен, последиците за албанските граѓани ќе беа големи, оценила таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk