logo
logo
logo

Хрватските продавници денеска празни-граѓаните на генерален бојкот поради упорните поскапувања

Vecer | 24.01.2025

Хрватските продавници денеска празни-граѓаните на генерален бојкот поради упорните поскапувања

На повикот денеска се одзваа граѓани ширум Хрватска, а продавниците и бензинските пумпи се речиси празни од утрово.

Додека синдикатите, здруженијата на потрошувачи, па дури и некои политичари, и од власта и од опозицијата, ги повикуваат граѓаните да не купуваат ништо, трговците и претприемачите протестираат, а многумина најавија големи попусти, само за денеска. Од здружението „Гласот на претприемачите“ велат дека државата борбата против инфлацијата им ја препушта на граѓаните и на економистите.

Иницијативата за бојкот започна со пораки споделени на социјалните мрежи во последните денови.

- 24.1. Во Хрватска има бојкот против високите цени на храната. Се повикуваат луѓето да не купуваат ништо тој ден, но ништо. Обезбедете се за тој ден како да е недела“, се вели меѓу другото во овие пораки.

Како се одвивала оваа граѓанска иницијатива ќе покажат податоците на Даночната управа за фискалните сметки.

- Очекуваме дека потрошувачите денеска ќе си го одржат зборот затоа што сакаат да го артикулираат своето незадоволство, што се случило затоа што цените во Хрватска се неверојатно зголемени и ниту една друга земја членка на ЕУ не забележала вакво поскапување во последните две години, а исто така знаеме дека сме на врвот на ЕУ кога е инфлацијата во прашање, изјави Јосип Келемен од платформата „Ало инспекторе“.

Дарко Кнежевиќ од Хрватската занаетчиска комора рече дека мора да се прифати бојкотот на граѓаните бидејќи „мора да бидеме свесни дека луѓето тешко живеат“. Смета дека со бојкот нема да се реши проблемот, но, како што вели, добро е да се сврти вниманието на проблемот.

Во Хрватска, потрошувачките цени мерени со ХИЦП се зголемиле за 4,5 отсто во декември минатата година во споредба со истиот месец во 2023 година, што е најсилен раст од мај. Така, Хрватска е меѓу трите земји на ЕУ со највисока инфлација, зад Романија (5,5 отсто) и Унгарија (4,8 отсто). Годишната стапка на инфлација во ЕУ во декември минатата година изнесуваше 2,7 отсто, а во еврозоната 2,4 отсто, покажуваат најновите податоци на Евростат, пренесува ХРТ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk