logo
logo
logo

Хрватска одби да школува црногорски војници

Vecer | 02.09.2024

Хрватска одби да школува црногорски војници

Хрватска исто така одби да запише еден црногорски кандидат во Хрватското воено училиште.

- Министерството за одбрана донесе таква одлука, а за идната соработка во таа област ќе известиме кога ќе дојде време, изјавија за црногорскиот весник „Побједа“ од хрватското Министерство за одбрана.

Црна Гора преку својот воен претставник комуницирала со хрватското Министерство за одбрана и побарала прием на тројца припадници на Војската на Црна Гора во овие престижни воени школи, но добила негативен одговор.

Тоа е уште еден чекор што го направи Хрватска како одговор на усвојувањето на Резолуцијата за Јасеновац. Претходно, Загреб ги прогласи за „персона нон грата“ претседателот на Собранието Андрија Мандиќ, вицепремиерот Алекса Бечиќ и пратеникот од владејачката коалиција Милан Кнежевиќ. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk