Само во Соколовац, кај Осиек, има околу 9.800 свињи што ќе бидат уништени. Во операцијата ќе бидат вклучени полицијата и хрватската армија, а фармите со повеќе од 1.000 свињи ќе бидат под 24-часовен надзор.
Шефот на регионалниот штаб за цивилна заштита, Горан Ивановиќ, изјави дека операцијата е комплексна и бара голем број луѓе и строго почитување на биосигурносни протоколи.
Хрватската ветеринарна комора побара итна и решителна реакција и потсети дека човечкиот фактор има клучна улога во ширењето на болеста. Дополнително, претседателот на Хрватската земјоделска комора, Младен Јакоповиќ, ја поддржа мерката за воведување постојан полициски надзор и засилени контроли на сообраќајот и транспортот на животни.
Во земјата се воведуваат и нови безбедносни протоколи, вклучувајќи забрана за нелегален увоз на месо, особено од региони со активни жаришта, како Србија и Босна и Херцеговина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата